Портфолио на летни гуми на General Tire: широк асортиман на големини за возила, SUV и комбиња.

Хановер, 3 април 2017 година.

Брендот General Tire нуди широко портфолио приспособено за европскиот пазар. Со два модела на летни гуми за автомобили, шест модели за автопатишта и шест модели за теренско возење за 4х4 и SUV, специјален модел за лесни комерцијални возила и комбиња и со нова гума за сите сезони, брендот може да ги задоволи речиси сите потреби за гуми. Едно ново дополнение оваа година е Eurovan A/S 365, гума за сите сезони за лесни комерцијални возила и комбиња.

Хановер, 3 април 2017 година. Летните гуми од General Tire се познати поради нивната економичност, безбедност и робусни перформанси. Во последните години европските производи од брендот со неговото американско наследство минаа низ опсежни подобрувања. Годинава се додадени две нови гуми за теренски возила и тоа претставува дополнителен доказ за водечката стручност на брендот како производител на 4х4 гуми.

The Eurovan A/S 365

Оваа сезона General Tire ја заокружи својата линија на гуми за сите сезони со новиот модел за лесни комерцијални возила и комбиња. Новата гума Eurovan A/S 365 нуди карактеристики за безбедно ракување на влажен и на сув асфалт, како и добра динамичка стабилност на зимски патишта. За постигнување на овие перформанси, таа се потпира на шарата на слојот за газење со цик-цак отвори за безбедно налегнување на површината на влажните патишта и со широки вдлабнатини што брзо ја исфрлаат водата. Многубројните рабови ефикасно налегнуваат на снегот, а специјалните „џебови“ го задржуваат снегот за да се овозможи фрикција снег/снег. При возење на суви патишта широките ребра во центарот на слојот за газење овозможуваат висока стабилност, додека посебните ребра за управување обезбедуваат ефикасна поддршка на слојот за газење на свиоци. При пуштањето на пазарот General Tire понуди 12 достапни големини за бандажи од 15 и од 16 инчи.

Автомобилски гуми: Altimax Comfort и Altimax Sport

Altimax Comfort од General Tire е наменет за возачи што ценат особено тивко и удобно возење. За таа цел инженерите за развој во General Tire дизајнираа слој за газење со блокови што влегуваат во делот од гумата што е во контакт со патот во наизменична низа и прават стабилна и пријатна мала бучава од допирот меѓу гумата и патот. Истовремено, тие го задржаа јасниот фокус на карактеристиките за безбедноста на гумата: Гумата Altimax Comfort е заснована врз соединение на силика што нуди мала отпорност на тркалање, а напредната шара на слојот за газење е така дизајнирана за да овозможи безбедно прилегнување на влажни и на суви патишта. Нејзиниот „поголем брат“, Altimax Sport, е посебно дизајниран, имајќи ги на ум прецизното управување и кратките растојанија на сопирање на влажни или на суви патишта. Тој има широки жлебови по целиот обем и отворени блокови на рамото за брзо исфрлање на водата. Латералната крутост и стабилност на слојот за газење овозможуваат прецизно управување за безбедно возење, но не само при поголеми брзини и на патишта со свијоци. General Tire се одлучи за модерен слој за газење врз база на соединение со силика што не само што обезбедува добро прилегнување на влажни патишта туку и го намалува отпорот на тркалањето.

Altimax A/S 365 – автомобилска гума за сите сезони

Новата Altimax A/S 365 е гума за сите сезони според европските барања. Брендот на гуми од САД, кој во Америка има долга историја на развој на гуми за сите сезони со високи перформанси, го збогати својот нов производ со добра комбинација од карактеристики за безбедно возење еднакво и налето и во зима. Стабилните блокови на рамото овозможуваат добар пренос на налегнувањето по должина при движење или при сопирање. Широките циркумферентни и странични жлебови овозможуваат брзо отстранување на водата од делот што е во контакт со патот кога се вози по влажни коловози. А за безбедно возење во зима новиот Altimax A/S 365 има блокови во форма на буквата V на средина на слојот за газење, специјално дизајнирани за употреба преку целата година и со синусни отвори што нудат голем број остри рабови.

Пет напредни гуми за SUV

General Tire не влегува во новата сезона само со една туку со две нови гуми за теренски SUV. Заедно со новата Grabber X3 што, исто така, може да совладува тешки терени, новата Grabber АТ3 за комбинирано возење по автопатишта и за теренско возење, исто така, го соединува портфолиото на брендот. Двата модела имаат робусни карактеристики и добро налегнување што го бара примената за која се наменети. Инженерите за развој на General Tire за Grabber X3 даваат однос на возење на автопатишта/теренско возење од 20/80 проценти, додека за Grabber AT3 односот е 50/50. Со овие две нови гуми General Tire, бренд со богата традиција со американско наследство, нуди нови решенија во својот суштински сегмент за возење по сите терени за ентузијастите за теренско возење, но и за професионалците во градежниот, земјоделскиот и во шумарскиот сектор, кои очекуваат максимална мобилност, дури и во најтешки услови.


Напредниот дизајн на слојот за газење на новиот Grabber HTS60 со своите блокови и отвори нуди голем број рабови за сигурно налегнување на површината на патот, дури и на влажни коловози. Соединението е така дизајнирано за да обезбеди гумата да има добра отпор на пробивање и сечење при теренско возење. За да се обезбеди комфорно возење и ниско ниво на бучава, на слојот за газење гумата има профил што нуди многу ефикасно намалување на бучавата.

 

 Кај Grabber GT, 4x4 специјалистот за гуми General Tire истапи со модел за возење по автопатишта специјално дизајниран да ги решава барањата што ги наметнуваат возилата SUV и 4WD. Нејзина главна предност е високата безбедност при сопирање на влажни и на суви патишта, прецизно управување и безбедни карактеристики на аквапланинг. Како резултат на тоа, со Grabber GT уште еден специјалист за SUV/4x4 се вклучува во портфолиото на General Tire, кој го комбинира безбедното управување на патиштата со добри способности за возење за секакви терени. Оваа робусна гума со својот допадлив слој за газење, со блокови поставени под различни агли и нерамен дел од рамото, исто така, е дизајнирана за управување на потешки терени. Специјалното соединение на слојот за газење помага при собирањето камења и обезбедува поголем отпор на создавање дупки и расекувања.

Eurovan 2 – специјалист за транспорт

Со Eurovan 2 во асортиманот на General Tire е вклучен и робустен извршител за лесни комерцијални возила и комбиња. При влажно време неговите три широки циркумферентни жлебови земаат големи количини вода и брзо ја насочуваат надвор од површината што доаѓа во контакт со патот преку широките жлебови на надворешните блокови на слојот за газење. Со оглед на тоа дека спротивните жлебови на надворешните блокови на слојот за газење се распоредени наизменично, бучавата што се создава од контактот гума/пат останува на задоволително ниско ниво со оглед дека се избегнуваат скокови во фреквенцијата. Прецизната стабилност на насочувањето и кратките растојанија на сопирање се обезбедени со широките и големите редови на блоковите на слојот за газење на средината на гумата што овозможуваат ефективен пренос на циркумферентната и на бочната сила на патот. Својата посебна робустност Eurovan 2 особено му ја должи на дополнителниот слој на гума на страничниот ѕид, со што се обезбедува гумата да не биде оштетена при честиот контакт со работ на тротоарот што го имаат комбињата за испорака.

Контакт
Klaus Engelhart

Press Spokesman, Passenger and Light Truck Tires/Two-Wheel Tires DACH
Communications/PR, Passenger and Light Truck Tires

Continental AG l Tire Divison

Büttnerstrasse 25

30165 Hannover

+49 (0) 511 938 2285

+49 (0) 511 938 2455

Since 1915.
General Tire. A brand of Continental.