General Tire пушта во промет две нови зимски гуми

Хановер, ноември 2016 година.

Зимски гуми за автомобили и за SUV, два нови модела се вклучени во асортиманот на гуми за екстремни зими.

Хановер, ноември 2016 година. General Tire го прошири својот асортиман на зимски гуми за автомобили и за возила SUV во Европа. Сега се достапни пет различни модели. Двата нови производа што пристигнаа, Grabber Arctic за SUV и Altimax Arctic 12 за автомобили, се опремени со шилци и наменети се за употреба во скандинавските земји. Гумата со мек состав Altimax Nordic e уште една специјална гума за далечниот север. Дури и без шилци таа нуди високо ниво на безбедност при возење во скандинавски зимски услови. Snow Grabber за SUV и Altimax Winter Plus за автомобили се дизајнирани за возење во зима во Централна Европа. Освен идентификаторот M+S, зимските специјални гуми на General Tire имаат и симбол на снегулка што може да се стави само на зимски гуми што ја докажале својата погодност преку посебен тест.

Two new winter tyres for use in Scandinavia

 

Grabber Arctic – нова гума за SUV за екстремни зими

Новата гума Grabber Arctic со шилци е развиена за максимална безбедност на арктичките патишта. Тоа опфаќа безбедно сопирање на мраз и кратки растојанија на сопирање на снег, а тимот за развој на гумата, исто така, беше фокусиран на обезбедувањето тивко возење, со придружен зголемен комфор. За кратки растојанија за сопирање на замрзнати патишта, што е нормална појава во скандинавските зими, дизајниран e посебен шилец со кој се обезбедува оптимално прилегнување на замрзнатата површина на патот, а во исто време се нуди прецизно странично водење. Дури и пократките растојанија на сопирање на патиштата покриени со снег во однос на моделот-претходник се олеснети од големиот број рабови на блоковите и ламелите меѓу рамото на гумата и средиштето на слојот за газење. Со посебно дизајнираните отвори на површината на слојот за газење гумата може да земе големо количество снег, со што постигнува поголема тракција со површината на патот. Како резултат на тоа, гумата овозможува високо ниво на прилегнување што значи кратки растојанија на сопирање и добра тракција при движење и при забрзување. За да се обезбеди супериорен комфор употребен е компјутерски оптимизиран метод за распоред на шилците по површината на слојот за газење; со спречувањето пикови на фреквенцијата тие ги задоволуваат дури и строгите стандарди на Финска за емисија на бучава. Гумата Grabber Arctic е достапна за бандажи од 15, 16 и од 17 инчи што се погодни за монтажа на SUV и на 4x4 модели; сите гуми се одобрени за брзина до 190 km/h.

Altimax Arctic 12 – нова зимска автомобилска гума за скандинавски услови

Со новата гума Altimax Arctic 12 General Tire го дополни својот асортиман со уште една специјална гума за студено време за употреба на далечниот север. Шилците на оваа автомобилска гума обезбедуваат исклучителна тракција на мраз, а истовремено и добро прилегнување за кратки растојанија на сопирање. За да се обезбеди дури и подобра тракција на снежни површини, инженерите за развој на гуми дизајнирале голем број рабови на блоковите и отвори по целата ширина на делот што прилегнува на патот. Како резултат на тоа, гумата може ефикасно да налегне на пат покриен со снег, да има повеќе сила кога се движи и да пренесува поголема сила на сопирање. Посебниот распоред на шилците на блоковите на слојот за газење не нуди само безбедно и добро прилегнување туку и многу ниска пријатна бучава што се создава од контактот меѓу гумата и патот. Altimax Arctic 12 се произведува во 20 големини за бандажи од 13 дo 17 инчи и одобрена е за брзина до 190 km/h.

Snow Grabber, Altimax Winter Plus и Eurovan Winter – идеални за зимите во Централна Европа

 

Snow Grabber – зимска специјална гума за SUV

Гумата Snow Grabber е развиена за да ги исполни барањата на современите SUV од европските и од азиските производители. Тоа значи дека постојат модели со дополнително оптоварување со поголем капацитет на носивост и дека повисокиот центар на гравитација на SUV е земен предвид при развојот на гумите. Гумата Snow Grabber е дизајнирана за максимална безбедност во зимски услови на возење и се комбинира добро странично управување со врвна тракција. Како резултат на тоа, овозможува прецизно управување и кратки растојанија на сопирањето, а да не го споменуваме задоволството од возење на снег, на благи терени надвор од патиштата и на замрзнати падини. Освен стандардната гума, достапна е верзија и со шилци и General Tire произведува вкупно 26 големини. Гумата Snow Grabber се произведува за бандажи од 15 дo 19 инчи со серија меѓу 70 и 50 проценти и со широчини од 205 дo 255 милиметри. Во зависност од големината, гумите се одобрени за брзина до 240 km/h.

 

Altimax Winter Plus – сестрана гума за зима

Altimax Plus е сестрана гума за зимска употреба за автомобили од супермини до средна класа. Синусните отвори на блоковите на слојот за газење даваат голем број остри рабови, а циркумферентните и страничните жлебови овозможуваат дополнително прилегнување во зимски услови. Истовремено, тие овозможуваат брзо истекување на водата од делот на гумата што доаѓа во контакт со патот. Оваа зимска гума е достапна во 24 големини за бандажи од 13 дo 17 инчи со серија меѓу 80 и 45 проценти и со широчина на гумата од 155 дo 255 милиметри. Во зависност до верзијата, гумите Altimax Winter Plus се одобрени за брзини до 240 km/h.

 

Eurovan Winter – специјална гума за студено време за комбиња

Со гумата Eurovan Winter асортиманот на General Tire ги има вистинските зимски гуми за комбиња и за лесни комерцијални возила. Нејзината моќна шара на слојот за газење на блоковите со голем број отвори нуди добра тракција и безбедно сопирање на патишта покриени со снег. На влажни површини слојот за газење обезбедува широки, длабоки жлебови за побрзо исфрлање на водата од површината што е во контакт со патот – ова овозможува поголема отпорност на аквапланингот при возење по прав пат и при свртување на свијоци. Робусните блокови на рамото на гумата, кои ефикасно ја пренесуваат силата на сопирање дури и на студен асфалт, осигуруваат безбедност при сопирање на суви патишта. Оваа гума за комбиња и за лесни комерцијални возила е достапна за бандажи од 14 дo 16 инчи со широчини од 185 дo 235 милиметри. Во зависност од големината, гумите се одобрени за брзина до 190 km/h.

 

Altimax Nordic – гума со мек состав за Скандинавија

Испробана и тестирана, гумата Altimax Nordic со својот мек состав што останува особено флексибилен во студени услови е погодна за возење во Скандинавија, Русија и во балтичките држави. Таа безбедно ја пренесува динамичката погонска сила на патиштата покриени со снег и мраз, дури и на ниски температури; нејзината асиметрична шара на слојот за газење со голем број отвори и рабови на блоковите овозможува висока тракција, кратки растојанија на сопирање и стабилност на прецизноста на насочувањето. Гумата Altimax Nordic е дизајнирана за возила од супермини до средна класа. Две големини во асортиманот од 12 позиции се погодни и за монтажа на лесни комерцијални возила. General Tire ги произведува овие зимски гуми за бандажи од 14 дo 17 инчи со серија меѓу 65 и 45 проценти и со широчина од 175 дo 225 милиметри. Во зависност од големината, гумите Altimax Nordic се одобрени за брзина до 190 km/h.


Контакт
Klaus Engelhart

Press Spokesman, Passenger and Light Truck Tires/Two-Wheel Tires DACH
Communications/PR, Passenger and Light Truck Tires

Continental AG l Tire Divison

Büttnerstrasse 25

30165 Hannover

+49 (0) 511 938 2285

+49 (0) 511 938 2455

Since 1915.
General Tire. A brand of Continental.